Промена на Вашиот профил
|
Прозорецот на Профилот служи за регистрирање на вашата сметка за најава во v-Class Студент. За да го направите ова, внесете име, најава, лозинка и слика која ќе ве претставува. Ако прозорецот на Профилот се отвора преку копчето Register во прозорецот за Најава, сите полиња ќе бидат во функција и ќе можете да ги внесете Вашите податоци. Ако прозорецот бил отворен преку копчето Профил во Главниот прозорец, полето за Најава на Студентот нема да биде во функција, бидејќи не може да се менува. Останатите полиња може да се менуваат. Сите полиња во овој прозорец се потребни. Ако го притиснете копчето OK пред да ги внесете податоците во полињата, ќе се појави порака за предупредување, која наведува дека морате да внесете вредности во полињата.
|
Полиња и Команди
|
Име на студент Запишете го името за да се регистрира. Ако полето е празно, кога ќе притиснете на копчето OK, се појавува порака за предупредување која наведува дека ова поле е задолжително. По затворањето на овој прозорец, апликацијата ќе се врати на претходниот прозорец, што ќе Ви дозволи да го внесете Вашето име. Можете да користите букви, броеви, празни места и посебни карактери, како точки, во полето за името на студентот.
|
Најава на студент Запишете најава за да бидете регистрирани. Ако полето е празно и притиснете на копчето OK, ќе се појави порака со предупредување, која наведува дека полето е задолжително. По затворањето на овој прозорец, апликацијата ќе се врати на претходниот прозорец за да ја внесете Вашата најава. Ако внесете најава која веќе била создадена од Вас или од друг студент, порака со предупредување ќе се појави, која наведува дека мора да внесете различна најава. Можете да користите букви, броеви и посебни карактери, како што се точки и долна линија во полето за најава на студентот. Празни места и други посебни карактери не се дозволени.
|
Лозинка Запишете ја Вашата лозинка за се регистрира. Ако полето за лозинка е празно и го притиснете копчето OK, ќе се појави порака со предупредување, која наведува дека полето е задолжително.
|
Потврдете ја лозинката Во ова поле, запишаната лозинка мора да се потврди. Доколку не се потврди, ќе се појави порака со предупредување, кога ќе притиснете на копчето OK, наведувајќи дека полето е задолжително. Ако запишаната лозинка е различна од лозинката запишана во полето за Лозинка, ќе притиснете на копчето OK, ќе се појави порака со предупредување која наведува дека лозинките не се исти. Откако ќе го затворите прозорецот, апликацијата ќе се врати на претходниот прозорец, што ќе Ви дозволи да ја запишете лозинката и повторно да ја потврдите.
|
Одберете ја својата слика Мора да се одбере слика која ќе Ве претставува во апликацијата. Оваа слика ќе му биде прикажана на професорот, кога ќе се поврзете со неговиот час. Ако не одберете слика и притиснете на копчето OK ќе се појави порака со предупредување која наведува дека полето е задолжително. Откако ќе го затворите прозорецот, апликацијата ќе се врати на претходниот прозорец, што ќе Ви дозволи да ја одберете Вашата слика.
|
Помош Ова копче го прикажува прозорецот за Помош каде можете да се движите низ помошните теми на v-Class Студент
|
OK Ова копче ги зачувува информациите и Ви дозволува да се вратите на прозорецот за Најава и запишете ја Вашата најава и лозинка за да ја внесете апликацијата. Ова се случува ако сте го отвориле прозорецот преку копчето Регистрирај се на прозорецот за Најава. Ако прозорецот бил отворен со помош на копчето Профил на Главниот прозорец, откако ќе го притиснете копчето OK, промените кои се направени на Вашата сметка за најава ќе бидат зачувани и апликацијата ќе се врати на Главниот прозорец на v-Class Студент.
|
Откажи Ова копче го затвора прозорецот на Профилот без да ги зачува промените. Ако прозорецот се отвори преку копчето Регистрирај се на прозорецот за Најава, откако ќе го притиснете копчето Откажи, апликацијата ќе се врати на прозорецот за Најава. Ако прозорецот се отвори преку копчето Профил на Главниот прозорец, откако ќе го притиснете копчето Откажи, апликацијата ќе се врати на Главниот прозорец. |